Македонија
15. February 2024 - 19:50

ЈСП: Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец

Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини, посочуваат од Јавното сообраќајно претпријатие. 

-Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои, се наведува во соопштението од ЈСП.

Вработени во ЈСП денеска најавија дека од утре од 4:30 часот во Скопје нема да има градски превоз бидејќи не им е исплатена јануарската плата.