ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.
Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање (CASH).
Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка - означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) - означува затворена лента
Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
