ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата

Во текот на вчерашниот ден согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје констатира повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 м3. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.
Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, од ЈП Водовод и канализација – Скопје апелираат до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и слично.
Воедно се апелира до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
-Се укажува дека досега не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. Загубите на вода од 65 % не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и др објект и користење на питка вода наместо техничка за полевање на земјоделски површини. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk, се посочува во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Како што се потенцира во соопштението, со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
