ЈП „Водовод“-Битола отвори посебен телефон за пријавување дефекти
Јавното претпријатие „Водовод“ – Битола отвори посебна телефонска линија за пријавување дефекти на водоводната мрежа што настанале како последица на ниските температури на воздухот во овој град.
Од ЈП „Водовод“ информираат дека посебниот телефонски број 047238200 ќе се користи за интервенции врз оштетени водомери или за прекин на снабдувањето со вода за пиење.
-Студот е единствената причина за пукање на водомерите кај многу домаќинства, посебно оние водомери чие стакло е незаштитено и не може да ги издржи поларните температури. Апелираме на рационално трошење на водата чија потрошувачка деновиве е зголемена за 25 отсто и во одредени интервали на денот, но и ноќе достигнува до 680 литри во секунда, истакна Горан Козаров, генерален директор на ЈП „Водовод“ – Битола.
Водоснабдувањето во градот и населените места се одвива без пречки, потврдија од ЈП „Водовод“-Битола.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто

