Македонија
31. May 2022 - 13:38

ЈП Градски паркинг од утре со летно работно време

ЈП Градски паркинг од започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д.

Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот.

Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП Градски паркинг навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.