ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово ќе ги зголеми цените за изнесување смет

– Покачување на цените во ЈП се условени од цените во државата и да имаме квалитетна услуга, нормално е да се носиме со тоа. Пред четири месеци, не по барање на ЈП беше покачена минималната плата. Луѓето коментираат седат во администрација и земаат плата, но од 350 вработени во ЈП, вклучувајќи ме мене има 39 административни службеници, претежно или 80 проценти се општи работници и работат општа дејност. Покачувањето на нафтата во март беше енормно, и ако сме плаќале 700-800 илјади денари нафта, сега плаќаме 1,5 милиони денари и останатите трошоци, резервни делови, гуми, канцелариски материјал, цените се удвоени веќе. Имаме сметки по 700 илјади за струја, не е зголемена потрошувачката, туку цената, за да имаме рентабилно работење и нормално функционирање на ЈП иако никој не го сака тоа, ние сме принудени да извршиме покачување на цена на услуга, рече Стојчевски.
Советниците од опозицијата реагираа дека ова мерка ќе ги погоди граѓаните, оти ќе ги оптовари и семејните буџети и дека граѓаните нема да добијат поквалитетна услуга.
Покрај цените за изнесување на смет, зголемени се цените и за користење на базенот, со кој менаџира „Чистота и зеленило“. Со новата одлука цена за дневна карта е зголемена од 100 на 150 денари, за физички лица, а зголемена е цената и за клубовите.
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
