-->
-->
Јовиќ: Резултатот е во втор план
-->

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург по двете успешни гостувања во Лигата на шампионите во кои освоија три бодови (нерешено и победа) во среда се враќаат на обврските во СЕХА лигата. Металург е домаќин на словенечката екипа Горење Велење.
- Дуелот со Горење е вистинскиот тест за нашата екипа пре неделата на ЕХФ. Наши главни цели на секој натпревар ни се: во одбрана да играме борбено, да не се штедиме; во напад трпеливо до стопроцентна шанса и да се почитуваме себеси, клубот, колегите и публиката. Резултатот е во втор план, изјави на денешниот прес тренерот Александар Јовиќ.
Еден од најзаслужните за саботниот триумф на гостувањето кај Чеховски Медведи во ЛШ беше голманот Мартин Томовски.
- Горење ни е познат ривал од минатата година кога имавме победа и пораз. Верувам дека со цврста одбрана и сигурен напад ќе стигнеме до посакуваното ниво за триумф и заедно со навивачите да ја прославиме победата.
Дуелот Металург - Горење се игра во среда во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
