Јовески ги овласти Фетаи и Бубевски и натаму да го застапуваат „Монструм“
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА извори во ЈОРСМ.
Судењето за „Монструм’ односно петкартното убиство кај Смилсковското езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд.
Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот на обвинителите во СЈО и ги распредели во матичните обвинителства.
Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се вратија во ОЈО Скопје и сега оттаму ќе го застапуваат „Монструм“
Јовески по преземањето на предметите од СЈО најави дека приоритет во распределбата ќе имаат случаите за кои веќе се води судска постапка. Според неговите наслежности, тој може предметите од СЈО да ги распределува на обвинителите кои и досега ги водеа.
Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице

