Јовановска ја презеде градоначалничката функција во Старо Нагоричане
- Претседателот на ОИК Старо Нагоричане денеска и го предаде уверението на новоизбраната градоначалничка на општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.
Најави дека ќе ја оправда добиената доверба од граѓаните и оти ќе работи на решавање на инфраструктурните проекти, на проблемите со уличното осветлување и водоснабдителните системи.
- Првенствено, општината ќе биде отворена за сите идеи на жителите на Старо Нагоричане, рече таа.
Посочи дека меѓу приоритетните проекти кои што ќе ги реализира во наредниот период е уличното осветлување, бидејќи, објасни, повеќе од половина година граѓаните плаќаат за оваа услуга, а не ја добиваат.
- Особено внимание ќе посветам и на зимското одржуавње на улиците, бидејќи руралните општини порано ги зафаќа зимскиот период и изминативе години дел од патиштата беа завеани и селата блокирани. Воедно, ќе работиме и на водоснабдителниот систем кој нма проблем со капацитетот, туку со самиот систем, рече Јовановска.
Денеска, се одржа и конститутивна седница на Советот на општината, во која мнозинството од деветчлениот совет го има СДСМ, а за претседател е избран Јовица Јанчиќ.
На примопредавањето на градоначалничката функција присуствуваше и досегашниот градоначалник, Милован Стојковски.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи