Јованоски: Лажната бомба не е поврзана со „Пивофест“
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска го осуди синоќешниот случај со таканаречената лажна бомба која, како што рече, го уништува реномето на градот и на манифестацијата „Пивофест“ која има 17-годишна традиција . – Досега е мирно на фестивалот и така очекувам да продолжи и ова со т.н „бомба“ не е поврзано со фестивалот. Очекувам МВР да ги преземе сите дејства, рече Јованоски на прес-конференција за одржувањето на „Пивофест“.
– На синоќешната втора вечер на Фестивалот „Пивофест“ сите посетители од градот и од сите страни што дојдоа беше мирно и весело. Сите по завршувањето на програмата си заминаа задоволни. Си поминаа добро и покрај, така да речам, „расивувачите на забавата“ кои сакаа да ја уништат синоќешната вечер. Мислам дека не им успеа. Според информациите од полициската станица била поставена пластична, лажна бомба. Вечерта помина добро, без неспокојство помеѓу посетителите, и покрај желбата на некого да го расипе сето тоа, рече Јовановски.
Упатувам апел, дополни, до „несовесните“ да не го прават ова, зашто е на штета на сите, на обичните граѓани кои цела година го чекаат „Пивофест“. Тоа е на штета на имиџот на градот, на граѓаните, на државата, на големата традиционална манифестација. Изразувам благодарност до МВР што веднаш реагираше. Мило ми е што вечерта заврши мирно, без проблеми, всушност и немаше инциденти досега. Се надевам и очекувам наредните два фестиваски дена ќе поминат како досега, мирно, весело и во добра атмосфера. И оваа вечер треба да помине весело, пред се, со македонска музика и никому нема да дозволиме да ни го наруши тоа. Сите го доживуваме ова како свое, а не како туѓо па некој да го расипе, изјави Јованоски.
Според Јованоски, индиции нема, ова се поединечни случаи, не се поврзани со „Пивофест“
– Тие сакаат индиректно да ја расипат пивофестовската забава. Тие меѓусебни, поединечни пресметки што се прават, го уриваат имиџот на градот и на манифестацијата, оцени Јованоски.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција