
Да потсетиме, Драгиша го возел семејството во „голф“ на автопатот кога меѓу Ниш и Алексинац во петокот окоу 22 часот одзади ги удрило комбе со алексиначки таблички, со кое управувал Драгољуб Ј.
Не знае за смртта на жената и ќерката
-Автомобилот во кој се наоѓаше четиричленото семејство има буквално смачкан заден дел, на местото каде седеле Јована и нејзиното бебе. Зад нив во автомобил бил нивниот пријател. Заедно се враќале од свадба. Возачот кој ги удрил Љубиќи побегнал, но пријателот веднаш повикал полицијата, па е уапсен, наведува извор од истрагата.

Според непотврдените информации, уапсениот Драгољуб Ј., во крвата имал 1,2 промили алкохол.
-На возачот по апсењето му е направен алкотекст и се утврдило дека возел пијан - раскажува соговорникот.

