Тенис
22. July 2017 - 13:15

Јотовски запрен во полуфиналето на фјучресот во Телави

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски денеска е запрен во полуфиналето на третиот фјучрс турнир во Телави, Грузија. Нашиот тенсиер загуби од 19-годишниот тенисер од Русија Кирил Киватцев со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Мечот траеше 103 минути.

Рускиот тенисер подобро се снајде во мечот и имаше шест брејка, наспроти трите на на Јотовски. Киватцев со пласманот во финалето на овој фјучрс има шанса за „двојна победа“ на турнирот откако вчера во двојки триумфиараше со сонародникот Иван Калинин.
Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе освои шест поени и во понедлник ќе има скок на АТП листат пред се на 18-те поени од победата на турниот од претходната недела.