-->
-->
Јотовски со настап на три фјучрси во Србија
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се враќа на настапите во рамките на ИТФ фјучрс турнирите, кои во следните три недели ќе се играат во Србија. На првиот кој стартува денеска и се игра на Златибор, Јотовски е рангиран како трет носители и ќе игра против Србинот Петар Цонкиќ.
Јотовски ќе има тешка задача бидејќи ќе трба во следниот период да одбрани 19 од 61 поен, колку што има во моментов. Тој во изминатиов период се подготвуваше во Скопје заедно Предраг Русевски на терените на ТК Парк во рамките на СЦ „Јане Сандански“. Во истиот период тој „одеше“ и на терапија за повредата што ја има на раката.
Покрај Јотовски на турнирот ќе играат уште и Бесир Дургути и Шендрит Деари, кој преку квалификации се пласира на главниот турнир.
деари ќе игра против Страхиња Ракиќ (Србија), а Дургути против Милош Николиќ двајцата квалификанти.
Од нашите тенисери денеска ќе играа само Јотовски и тоа во двете конкуренции бидејќи во двојки ќе настапува со Дургути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ
-

Прва машка трка посветена на машкото здравје во Скопје
-

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј
-

„Македонија пат“: Патиштата се чистат во континуитет, сообраќајот се одвива непречено
-

Облачно со повремени локални врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
