Тенис
24. September 2015 - 15:29

Јотовски подобар од Мицов во Сокобања

Во дуелот на македонските тенисери на фјучрсот во Сокобања Томислав Јотовски во три сета го победи Стефан Мицов. 

Јотовски го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а во следниот изденачи Мицов кој беше поуспешен во тај брекот 7:6 - 7:3 на поени.
Во решавачкиот сет Мицов поведе со 2:0 во гемови, но Јотовски направи серија од шест гема и го доби гемот и мечот. Мечот траеше без малку три часа (2 часа 56 минути).
 
Ова беше трет меѓусебен дуел на македонските тенисери и по третпат победува Јотовски. Првиот беше во јуниорска конкуренција во полуфинале на Југ Опен во Скопје 6:4 и 6:2, а во вториот меч играа на фјучрс во Белград (квалификации 3.коло) 6:1 и 6:1.
Мицов со пласманот во 2.коло ќе освои еден бод, додека Јотовски утре во четвртфиналето ќе игра против Германецот Нико Матиќ.
 
Попладнево Јотовски со Лазов (Бугарија) ќе  играат полуфинале во двојки.