-->
-->
Јошинори Муто е нов играч на Њукасл
-->

Јапонскиот фудбалер Јошинори Муто доби работна дозвола и стана нов играч на премиерлигашот Њукасл јунајтед.
Муто доаѓа од германски Мајнц каде помина три сезони и на 66 натпревари постигна 20 голови.
- Задоволен сум што Јошинори Муто доаѓа во нашиот клуб. Го следевме подолго време. Тој ќе донесе енергија во тимот и ќе ни помогне да бидеме подобри во новата сезона, истакна тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез.
Јапонскиот фудбалер се заблагодари за довербата и наведе дека му е чест што ќе настапува за голем клуб како Њукасл.
Муто исто така е член и на јапонската репрезентација за која настапи на неодамна завршеното Светско првенство во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Муцунски: Честитки за Радев - очекуваме соработка
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
