„Јон Вардар против Галаксијата” селектиран на пазарот на анимации во Штутгарт

Долгометражниот анимиран проект „Јон Вардар против Галаксијата” е избран во официјалната селекција на десеттиот пазар за анимации Animation Production Day во Штутгарт, Германија.
Проектот на „Линкс студио“, по сценарио и режија на Гоце Цветановски, досега беше претставен и на филмските пазари во Париз и Мајами и на копродукцискиот пазар „Софија митингс“ во Бугарија.
- Се надеваме дека интересот на меѓународно ниво ќе придонесе за побрзо заокружување на финансиската конструкција на филмот и од септември официјално би почнале со продукција. Засега, имаме екстремно позитивни реакции и за естетиката, за што е заслужен нашиот арт-директор Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, и за квалитетот на анимацијата за која е одговорен Бенжамин Хотон, директор на анимација од Франција, изјави Марко Угарковиќ, директор на „Линкс студио“.
Сценаристот и режисер Цветановски е задоволен од успешната презентација на проектот на сите релевантни анимациски пазари и форуми за содржини за деца.
- Со ова докажавме дека Македонија има капацитет за изработка на долгометражен анимиран проект со светски квалитет и се надевам дека „Јон Вардар“ ќе израсне во препознатлив македонски бренд. Покрај филмот, подготвувавме и ТВ-серија, како и неколку видеоигри кои се случуваат во истиот свет и со истите ликови, изјави Цветановски.
„Линкс студио“ е единствено студио во Македонија кое изработува рачна 2Д анимација. Проектот „Јон Вардар против Галаксијата” го најавуваат како најсмешна вселенска опера на сите времиња, а македонската премиера се очекува во 2018 година.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
