Јолевски во Пентагон на средба со Карпентер

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, за време на работната посета на САД, синоќа во Пентагон оствари средба со заменик-помошникот на секретарот за одбрана, Мајкл Карпентер.
На средбата Карпентер, како што соопшти Министерството за одбрана, најпрвин му честитал на министерот Јолевски за одлуката на министрите за одбрана на земјите-членки на иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ) Република Македонија да биде домаќин на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) во периодот од 2020 – 2026 година, како и на започнување со работа на Командата на Балканските наменски медицински сили во Скопје.
Јолевски го запознал Карпентер со реформите што се спроведуваат во областа на одбраната. Посебно се осврнал на модернизацијата на АРМ, учеството во мировните операции. Карпентер изразил задоволство од прогресот кој Министерството за одбрана го постигна во изминатиот период и воедно се заблагодари за досегашната поддршка којашто Република Македонија ја дава на НАТО мисиите. Двајцата соговорници, како што стои во соопштението, се согласиле дека идната година треба да се зголеми интензитетот на соработка во доменот на заедничките здружени вежби.
На средбата биле разменети информации за моменталната безбедносна состојба во Ирак и Сирија, а соговорниците размениле и видување за импликациите кои збиднувањата во Ирак и Сирија може да ги имаат врз безбедносната состојба во Европа, вклучувајќи ја тука и Југоисточна Европа.
На средбата станало збор и за потребата од што побрзо интегрирање на Република Македонија во НАТО, односно за упатување покана за одамна заслуженото членство во НАТО.
Министерот Јолевски вчера остварил работна средба со американскиот генерал Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност и командант на НАТО. На средбата биле разгледани можностите околу унапредување на соработката и непосредна директна инвестиција во армискиот полигон „Криволак“ со цел зајакнување на капацитетите и прераснување на АП „Криволак“ во најелитен обучен центар во регионот на Југоисточна Европа. Со ова, како што се наведува во соопштението од МО, значително би се подигнал и квалитетот на обуката и борбената готовност на АРМ.
Ново на Сител
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
