Јохан Тарчуловски е предложен за нов член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил избран нов ИК на Унијата на млади сили на партијата, а биле донесени и неколку кадровски прашања, соопштуваат од партијата.
Од партијата оцениле дека СДСМ нема капацитет да ја води државата, која, според нив, се соочува високо ниво на задолжување, раст на БДП од 0 проценти, пад на градежништвото од 20 проценти и покачени цени.
„Покрај декларативните заложби на власта за ЕУ и НАТО интеграција отсуствува реална посветеност на реформите. И по 11 месеци не се комплетно завршени реформите од планот 3-6-9, и пред вклучување на ВМРО-ДПМНЕ законските решенија беа со голем број недостатоци и нереформски“, велат од ДПМНЕ.
За членови на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се избрани:
Јован Јаулески
Филип Ѓорѓиев
Ивица Петровски
Стефан Андоновски
Никола Дудулоски
Сергеј Попов
Владимир Бошњаковски
Билјана Цветковска
Томи Кепевски
Петар Миовски
Горјан Донев
Данијел Апостолоски
Искра Крстевска
Милан Јакшиќ
Валентин Манасиевски
Сузан Хасан
Ангела Тасева
Влатко Стојановски
Марија Милошевска
Невена Величковска
Петар Радојнчиќ
Моника Делева
Живе Катранџиев
Кирил Ѓеорѓиев
Елена Орцева
Владимир Ристов
Марија Делова
Иванчо Младеновски
Елена Трајчевска
Светислав Васев
Горан Степановски
Димитар Манчев
Олга Василевска
Анастас Ефремов
Ивршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет и двајца нови членови на ЦК, Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски, пишува во соопштението од партијата.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите