Македонија
18. February 2016 - 11:22

ЈКП „Водовод“-Битола ќе ја осовременува филтерската станица „Дихово“

Јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола продолжува со изведба на нови водоводни линии и објекти на дотраената водоводна мрежа и реконструкција на водоводни  објекти и линии одобрени од Советот на општина Битола.

Од  ЈКП „Водовод“-Битола информираат дека наскоро ќе почне осовременување и доопремување на филтерската станица „Дихово“.

-З а осовременување и доопремување на хемиската и микробиолошката лабараторија во филтерската станица „Дихово“ во истоименото подпелистерско село, и добивање брзи и валидни резултати во процесот на преработка на водата за пиење ќе се набават апаратури и инструменти за следење на квалитетот на водата, односно термостат за микробиолошка лабараторија и автоклав со поголем капацитет заради зголемен обем на работа во микробиолошката лабараторија, посочуваат од битолски „Водовод“.

Заради подобрување на процесот на перење на филтерските полиња предвидена е и реконструкција на хидромеханичката опрема во машинската сала на филтерницата, информираат од ЈКП „Водовод“-Битола.