Јилдирим: Виновниците за смртта на рускиот амбасадор ќе бидат казнети

Сите виновници за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов ќе ја добијат заслужената казна, напиша денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим во книгата на жалоста во Амбасадата на Русија во Анкара.
- Оние кои со ова гнасно убиство сакаа да им наштетат на нашите добри односи и да ги урнат мостовите меѓу нашите народи, нема да ја постигнат својата цел. Сите виновници, еден по еден, ќе бидат откриени и ќе ја добијат заслужената казна, напиша Јилдирим во книгата на жалоста отворена по повод убиството на амбасадорот Карлов.
Како што јави ТАСС, Јилдирим нагласи дека Карлов дал голем придонес за развојот на турските односи со Русија и станал „вечен симбол на турско-руското пријателство“.
- Нашата жалост е длабока. Но, нашата решеност да ги развиваме односите врз база на заедничките интереси и очекувањата на нашите народи е уште повеќе зацврстена. Од свое име и од името на Владата и нацијата, изразуван најискрено сочуство до семесјтвото на Карлов , до неговите блиски и до рускиот народ и Влада, напиша Јилдирим.
Тускиот амбасадор Карлов беше убиен во понеделникот од страна на турскиот полицаец Мевљут Мерт Алтанташ за време на отворањето на фотоизложбата „Русија во очите на Турците“ во Центарот за современа уметоност во Анкара.
Ново на Сител
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
