Јилдирим: Турција никогаш нема да ги измени антитерористичките закони
Турција никогаш нема да ги измени антитерористичките закони, па дури тоа да значи и неуспех на договорот со ЕУ за визна либеарлизација за турските граѓани, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Анкара и ЕУ разговараат за визната либерализација уште од 2013 година и во март оваа година се договорија за укинување на визите во рамки на договорот за спречување на мигрантскиот прилив од Турција кон ЕУ. Но Брисел настојува Турција претходно да ги реформира строгите антитерористички закони.
Јилдирим истакна дека земјата нема да дозволи соработка со терористички организации во Сирија, иако ја поддржува коалицијата предводена од САД за борба против Исламска држава (ИД).
Анкара и Вашингтон подолг период имаат несогласувања поради поддршката од САД за сириските курдски милиции. Според Турција, сириските курдски сили се терористичка организација, поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), додека САД ги сметаат за клучен партнер во борбата против ИД.
Ново на Сител
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
-
Демант од МВР на наводи од Левица