-->
-->
Јилдирим: Тензиите ќе запрат кога Атина ќе престане да мисли дека цело Егејско Море е нејзино
-->
Турскиот премиер Бинали Јилдирим во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Вима" изјави дека тензиите меѓу Турција и Грација може да бидат избегнати, ако Атина престане да верува дека Егејското Море е целосно грчко.
- Главниот извор на тензии меѓу Турција и Грција е грчкото сфаќање дека Егејското Море е целосно грчко море, притоа игнорирајќи ги законските права на Турција и нејзините легитимни интереси како крајбрежна земја, посочи турскиот премиер.
Според него, избегнувањето тензии во Егејот не може да се постигне само со напори од страна на Турција.
- Секоја од двете држави знае за чувствителноста на другата. Ние треба да сфатиме дека мирот е во интерес и на двете страни, додаде Јилдирим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан