ОН: Јемен се соочува со нејголемиот недостиг на храна во последните децении

Јемен, кој од понеделникот се наоѓа под блоката од страна на Саудиска Арабија, се соочува пред најтешката криза со недостиг на храна во последните децении, што може да предизвика смрт на голем број лица, предупреди заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок.
По заседанието на Советот за безбедност на ОН зад затворени врати, Лоукок наведе дека побарал итно продолжување на доставата на пратките со хуманитарна помош за населението во Јемен, што беше запрена кон почетокот на неделава.
Советот за безбедност на ОН побара од арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, да ги остави отворени пристаништата и аеродромите во Јемен, со цел да може да се доставува хуманитарна помош.
- На заседанието во Швајцарија на Советот за безбедност на ОН, 15-те членки изразија загриженост поради катастрофалната хуманитарна состојба во Јемен, нагласи постојаниот претставник на Италија во ОН, Себастијано Карди.
Арпаската коалиција во понеделникот соопшти дека ги затвора сите копнени, водени и воздушни патишта кон Јемен за да го запре доставувањето на оружје за бунтовниците Хути.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
