Јелена убиена во својата куќа? Нова страотна теорија за нејзината смрт

Белградската полиција и нејзините форензичари и инспектори не престануваат со дејствата со намера да пронајдат некоја нова трага за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ. Вчера е испумпувана водата во каналот каде е пронајдена за да се открие нов доказ, а подоцна полицајците се упатија кон домот на Марјановиќ во Борча.
Инспекторите неколку часа ја претресуваат семејната куќа и дворот на Јелена и Зоран Марјановиќ и со себе однесоа дел од облеката, чевли но и неколку алатки.
Според неофицијалните сознанија почицијата работи на тоа да ја утврди можноста пејачката да е убиена во куќата.

-Од домот на Марјановиќ се изнесени работи и предмети кои ќе се вештачат, што подразбира и ДНК вештачење Во прашање се нивни лични работи, меѓу кои и една кожна јакна која се претпоставува дека е на Зоран. Го тргнавме и тепихот за евентуално да најдеме некоја нова трага, вели извор од истрагата и продолжува:
-Во куќата повторно дојдовме зошто во текот на досегашната истрага откривме дека би можеле да дојдеме до нови докази за побрзо пронаоѓање на сторителот. Ништо не препуштаме на случајот зошто не е исклучена можноста Јелена да е убиена на друго место, а не на насипот. Додека едни беа во куќата, други ја сликаа куќата, капијата, дворот. Претресуваа од темелот до покривот.

Инаку од каналот кој вчера беше исушен, однесени се неколку работи на вештачење, пишува српски Телеграф.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
