-->
-->
"Јелена не е убиена овде, тука е само фрлено нејзиното тело": Мештаните на Борча во страв поради убиецот на слобода!
-->

Мештаните на Борча живеат во страв проади убиството на пејачката Јелена Марјановиќ. Според тоа дека истрагата сеуште нема трага на убиецот, сите се грижат за своите домови, се додека убиецот е на слобода. Исто така не можат да поверуваат дека монструозниот злочин поминал без ниту еден врисок.
- Многу е чудно дека ништо не се слушна. Има доста куќи во близина на каналот, убедени сме дека некој би слушнал - објаснуваат комшиите Богосав и Станика, кои додаваат дека меѓу мештаните владее мислење дека злочинот е извршен некаде далеку, а дека телото е фрлено само во каналот.

Исто така тие велат дека Небојша Ројко нема поврзаност со убиството иако е во бегство:
- Не веруваме дека е тој, иако има досие во полицијата, мислиме дека момчето не е криво. Двајцата не беа тука, кога тоа се случи - тврдат комшиите.
Некои од мештаните велат дека тој ден ги виделе Зоран и Јелена заедно со нивната ќерка, како се шетаат. Никој после тоа не знае што се случило.
Истрагата одеше во неколку правци. Првобитно полицијата го привела мажот, Зоран Марјановиќ, кој е пуштен по 48 часа. После тоа, надежта на разоткривањето на убиецот беше во ДНК анализaта, земена под ноктите на пејачката. Поради тоа што таа покажа траги на друга личност, полицијата ја сврте истрагата во друг правец.
Испрашувани се мештани на на Црвенка и Борча. Вчера беше приведен и Игор Рајко, чија куќа се наоѓа најблиску до каналот. После сослушувањето пуштен е на слобода, а сега се трага по неговиот брат Небојша, кој поради непознати причини е во бегство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
