Јелена ја убил сопругот или љубовникот, трето нема - тврдат криминолозите

Познатиот криминолог Златко Николиќ за Информер тврди дека пејачката Јелена Марјановиќ ја убил или нејзиниот сопруг Зоран или непознат љубовник.
Како што вели, од криминолошка страна работите се целосно јасни и она што е сигурно, врз база на достапните информации, убиството го извршил некој кој негувал силни емоции кон неа.
Сепак, најголем проблем е што оној кој го извршил убиството, ги скрил доказите.
-Во случајот со убиството на Јелена Марјановиќ една работа е апсолутно неспорно, а тоа е дека се работи за злосторство од страст. Значи кругот на осомничени е сведен на само две лица, сопругот Зоран или некој за нас, моментално непознат љубовник. Сите останати се исклучени, во тоа сум целосно уверен, зошто за таков заклучок не се потребни никакви материјални докази, вели Зоран Николиќ за Информер.
Сепак, потполно друга работа е што за апсење на било кој е потребен материјален доказ, а него го нема.

-Претпоставувам дека полицијата има некои траги, но тие немаат доволна тежина за покренување обвинение. Како што минува времето, се помали се шанските дека нови докази и траги воопшто ќе се појават. Затоа полицијата настојува да го начека убиецот или некој од неговата околина да попушти и да направи кобна грешка со која ќе се разоткрие. И едноставно да пукне и да го признае злосторството, смета криминологот.
Криминолог Божидар Спасиќ од друга страна смета дека шансите да се најде убиецот на Јелена се сведени на теориски.
-Поминаа 80 дена, а нема ни докази, ни сведоци, ниту ДНК траги што би откриле кој ја убил Јелена Марјановиќ. Значи премногу време помина од моментот на злосторството за да бидеме оптимисти во овој случај. Во криминалистичката пракса немало малку случаи на така наречено совршено злосторство кое е извршено така што сторителот невозможно е да се фати. Веќе говоревме за примерот на Оџеј Симпсон во САД, кој ја убил својата сопруга, но тоа не е докажано. Се плашам дека сега со субиството на Јелена Марјановиќ добивме случај на српски ОЏеј Симпсон, објаснува Спасиќ.

Според неговите зборовим најлошо од се е што истрагата и натаму тапка во место и се врти во круг.
-Полицијата се уште лута и нема опиплива трага, нешто што ќе ја разотрие суштината на ова убиство. Не е пронајдено оружјето со кое е убиена Јелена ниту ДНК од убиецот. На полицијата најсомнително и е семејството и тука постојано се вртат во круг. Сега останува врз база на признание да се уапси убиецот, а за тоа недостасуваат сведоци на ова монструозно злостроство, вели Спасиќ.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
