Јавниот превоз во Скопје викендов ќе сообраќа до 20 часот
Во текот на претстојниот викенд, 10 и 11 април, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Режимот на јавен превоз е согласно одлуката на Влада, за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот.
Утре нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и приградските линии 54, 55А и 65Б.
Во недела нема да сообраќаат градските линии 41А, 42, 43 и 73 и приградските линии 54, 55а, 64 а, 65Б, 118, 167 и 180.
Сите билетарници и центри за персонализација утре ќе работат од 7 до 18.30 часот.
Во недела, центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 18.30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи до 13 часот.
Од ЈСП Скопје информираат дека распоредот со последните термини на поаѓање на градските и приградските линии пред 20 часот, е достапен нивната веб-страница.
Ново на Сител
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден