Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.
-По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот. Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација - соопшти ЈСП - Скопје.
Од ЈСП-Скопје информираат дека Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник, вообичаено како и секој понеделник - нема да работи.
-Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови - додадоа од ЈСП - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
