Јавната администрација ќе добие К-15, порача Заев
Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни.
– Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не само што сме го ветиле, туку е потпишан договор за оваа работа и тој треба да се реализира, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
За тоа, појасни Заев, веќе се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и овој регрес на годишен одмор ќе го добијат сите вработени опфатени со колективните договори.
Тој рече дека Владата се труди да ја рационализира јавната администрација и подигнување на нејзината ефикасност и ефективност.
– Во моментов имаме околу 132 илјади, а пред четири пет години имаше околу 160 вработени во јавната администрација. Постојаните политики на рационализација и зголемување на ефективноста и ефикасноста на јавната администрација се еден од главите приоритети на Владата. Очекуваме наскоро да стапи во сила и законот за задолжително пензионирање на 64 години, што ќе влијае дополнително на намалување на самата бројка, рече премиерот Заев, додавајќи дека нема зголемување на бројот на јавната администрација, односно дека таа се рационализира.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто