Јапонски град забрани гледање во телефонот во од по улица
Јапонскиот град Јамато им забрани на луѓето во градот да гледаат во телефон додека одат по улица, низ парк или пак – на плоштадите.
Во градот со 250.000 жители, и туристите и патниците ќе бидат дочекани со известувања за забраната.
„Додека одите низ градот, забрането е користење паметен телефон. Ве молиме, користете ги телефоните кога ќе престанете со одот”, се слуша од разгласите низ градот.
Забраната има широка поддршка од тамошните жители – и млади и постари. Скоро сите се сложуваат дека тоа го одвлекува вниманието на пешакот и го доведува во опасност. И, засега не е напишана ниедна казна.
Истражување на јапонската телекомуникациска компанија ХТТ, покажува дека пешаците со „закован поглед“ на паметниот телефон губат 95 насто од видното поле.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
