Јапонија нема да учествува на конференцијата на ОН за забрана на нуклеарното оружје

Јапонија нема да учествува на конференцијата на Обединетите нации за договорот за забрана на нуклеарното оружје, изјави министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши, нагласувајќи дека американскиот нуклеарен чадор е клучен за безбедноста на земјата, јави Радио Слободна Европа.
Министерот истакна дека јапонската национална безбедност е главната причина зошто владата нема да учествува дури ни како набљудувач на конференцијата што започнува денеска во Њујорк.
– Во сложената безбедносна средина, нуклеарното одвраќање е неопходно за заштита на животите и имотот на луѓето, како и за суверенитетот и мирот на Јапонија, изјави Хајаши пред новинарите.
Тој додаде дека присуството на конференцијата би испратило „погрешна порака“ за јапонската политика која поддржува нуклеарно одвраќање, што би можело да влијае на нејзините безбедносни стратегии.
Договорот на ОН за забрана на нуклеарното оружје беше одобрен во 2017 година и стапи во сила во 2021 година, како резултат на долгогодишни напори да се спречи повторување на американските атомски напади врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
И покрај тоа што е единствената земја што претрпела нуклеарен напад, Јапонија одби да го потпише договорот, сметајќи дека е неефективен без учество на нуклеарните сили.
Јапонските власти велат дека ја споделуваат целта за свет без нуклеарно оружје, но истовремено мора да бидат реалистични во контекст на растечките глобални конфликти.
Оние што преживеале нуклеарни напади и нивните поддржувачи ја критикуваат владата, обвинувајќи ја дека дава празни ветувања, додека истовремено останува под американскиот нуклеарен чадор.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
