Јапонија најавува санкции за Северна Кореја
Генералниот секретар на јапонската Влада, Јошихиде Суга изјави денеска дека варијантите за санкции врз Северна Кореја вклучуваат ограничување на трговијата со нафта.
На прес конференција во Токио, Суга остро го осуди денешниот нуклеарен тест на Сверна Кореја.
Според анкети на јавно мислење, над половината Јапонци се за засилување на притисокот врз Пјонгјанг по нуклеарниот тестови. Според анкета на агенцијата Кјодо, 52,6 отсто испитаници се за засилени притисоци врз Пјонгјанг додека 42,7 се со став за водење дијалог.
Анкетата е направена пред денешното соопштение од Северна Кореја во кое тврдат дека извршиле тест со хидрогенска бомба наменета за интерконтинентална балистичка ракета.
Според државната телевизија, тестирањето на хидрогенската бомба е „целосен успех“ и „значаен“ чекор во комплетирање на нуклеарното оружје на Северна Кореја. Соопштението уследи неколку часа по два потреса предизвикани од нуклеарна детонација.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба