Македонија
23. March 2021 - 16:45

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ да ја имаше оваа ситуација, 100 луѓе на сите страни на светот ќе бараа вакцини

„ВМРО-ДПМНЕ да ја имаше оваа ситуација и да беа тие што ќе раководат со државава досега ќе имавме вакцини. Значи дали ќе имаше 50, 100 луѓе што ќе беа пратени на сите страни на светот, дали негде ќе требаше да се молиме, да не знам што да правиме, досега ние ќе имавме вакцини. Ова е ненормална ситуација кога нема држава каде што веќе неколкукратно луѓето не се извакцинирани“, изјави поранешениот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Јанушев додаде дека и останатите сегменти од јавното здравство, кое треба да се бори со Ковид-19, е запуштено, како што се капацитетите со креветите за сместување, протоколите кои треба да се почитуваат, заштитните материјали за самите здравствени работници, кислородната поддршка, итн.