Јанкулоски: Македонија е подготвена да го прифати највениот бран мигранти

Македонија на мигрантите им ги обезбедува сите можности и услови за хуман пречек, прием во прифатните пунктови каде кусо претстојуваат и превоз од јужната до северната граница од каде што го продолжуваат својот пат онаму каде што наумиле, рече националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Живко Јанкулоски при денешната посета на прифатниот камп за мигранти во Гевгелија.
- Градоначалникот Иван Франгов и општината вложуваат максимални напори на мигрантите да им обезбедат се што им е неопходно, што е очигледно и во прифатниот камп, нагласи Јанкулоски.
Тој информира дека Република Македонија е подготвена да го прифати и највениот бран од околу 2.500 мигранти кој се очекува деновиве.
Градоначалникот Франгов, кој го придружуваше Јанкулоски, потенцира дека најодговорно општината ги спроведува заклучоците на координативните тела за справување со бегалската криза, во соработка со надлежните државни институции.
Одлуката на Унгарија со закон да забрани влез на мигрантите од 15 септември Јанкулоски ја оцени како лошо и некоректно решение и изрази надеж дека тоа сепак нема да се случи.
Директорката на Центарот за управување со кризи ,Сузана Салиу потенцира дека главниот штаб кој функционира во рамки на ЦУК има одлична координација со локалната самоуправа.
- Со изградбата на прифатниот центар во Гевгелија, Република Македонија направи хумана работа за мигрантите на кои им се обезбедени сите улови. Како земја ќе продолжиме да бидеме хумани,затоа што и нашите граѓани се хумани луѓе.На прифатниот центар во Гевгелија му недостасуваат уште неколку мали работи да биде целосно функционален.Бегалската криза сигурно ќе потрае но ние сме тука да соработуваме и успешно да се справуваме со неа, рече Салиу.
На средбата со градоначалникот Франгов се разговарало и за организираниот превоз на мигрантите од Гевгелија кон Табановце при што било договорено приоритет да има железничкиот превоз,потоа такси возилата и автобуските превозници од општина Гевгелија, па дури потоа доколку е потребно да се ангажираат јавни превозници од други општини.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
