-->
-->
Јанкулоска најверојатно нема да присуствува на објавата на пресудата за “Тенк”
-->
Екс министерката Гордана Јанкулоска најверојатно нема да присуствува на објавувањето на пресудата за случајот “Тенк”, кое е закажано за 12 часот, пишува Фокус.
Таа на денешното рочиште за случајот Таргет и Тврдина беше прашана од судијката во колку часот ќе биде објавена пресудата за да и даде пауза, на што Јанкулоска истакна дека не инсистира на пауза, бидејќи нејзиното присуство на објавата не е задолжително.
Претходно за случајот Тенк, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра, правосилно беа осудени екс премиерот Никола Груевски на две години затвор и помошник министерот Ѓоко Поповски на четири и пол години.
На Јанкулоска за овој случај и се заканува затворска казна од најмалку пет години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
-

Армијата и Министерството за одбрана ќе им оддадат почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
-

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
