Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
Прашана дали ќе има измена на моделот на студентскиот оброк и во кој правец се размислува, Јанвеска одговори потврдно.
- Да, се планира, во овој момент работиме на законот за студентски стандард. Според дописот што го имаме добиено од студентите, студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти, информираше Јаневска, за време на посетата на „Саемот за образование“ во организација на студентската иницијатива „Студентарија“.
Таа соопшти и дека реновирањето на студентскиот дом „Пелагонија“ ќе почне откако ќе бидат завршени двата дома што сега се разубавуваат.
- Реновирањето на домовите мора да оди постепено за да можеме да ги сместиме студентите кои сакаат да студираат во Скопје. Затоа, откако ќе бидат завршени двата што се започнати, ќе почне реновирањето и на „Пелагонија“, одговори таа на новинарско прашање. б
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ