Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците
Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
-Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.
Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.
Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.
-Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.
Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор