Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија

Според статистиката, веќе имаме прилив на иселеници, не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките што ги спроведува оваа Влада, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Прашана за коментар на податоците од Државниот завод за статистика во однос на намалувањето на бројот на основци во училиштата во земјата, Јаневска од настан за почеток на доградба на училници во основно училиште во Ѓорче Петров, одговори дека ситуацијата се менува.
Како што рече, и додека не биле на власт постојано укажувале на значителното намалување на бројот на деца родени во Македонија и дека, за разлика од претходната влада која не презела ништо, сегашната презема мерки за да го поправи тоа.
-Јас ќе ве потсетам дека многу пати ѝ се обраќавме на претходната власт, кога тие редеа чевли пред Владата, а не преземаа ништо седум години, дека тоа не е вистинското решение, дека нешто треба да се направи. Еве, ние го правиме ова. Овде има 600 деца и неопходна е потребата од едносменска настава. И секаде каде што ќе има доволен број на деца, ќе им овозможиме едносменска настава. Дополнително, за оние на коишто им редеа чевли за да ги вратат тие ништо не направија, но ние, може да видите во статистиката, веќе имаме прилив на иселеници. Тој не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките кои ги спроведува оваа Влада, истакна Јаневска.
Додаде дека покрај проширување на капацитетите во училиштата во Ѓорче Петров, ќе се гради и доградува и во други општини каде што има потреба, но дека тоа е процес и за промените треба време.
-Има потреба да се гради училиште во Аеродром, има потреба да се гради училиште во Чаир. Значи, ситуацијата се менува. Тоа е процес и не може да се промени од денес до утре, но она што сме го кажале дека ќе го правиме за да ги задржиме младите и да им овозможиме услови во кои тие би сакале да останат, ние тоа го правиме. Вклучително и со законот за високо образование – да останат во оваа земја, да студираат и да учат во оваа земја, да се вработат на овој пазар на труд, а не да го бараат чарето некаде во странство, додаде министерката.
МИА
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
