Јаневска: Покачувањето на платите со кое се фали СДС не е доволно ниту за еден кубик дрвa
Прес конференцијата на Даниела Колева е крајно потценувачка за наставниците и безочна лага, или тотално незнаење.
Во однос на покачувањето на платите на наставниците Колева вели дека во период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 11 години платите на наставниците биле зголемени само за 4%. Невидена ЛАГА затоа што во тој период платите на наставниците беа зголемени најголемата за 67%, а најмалата за 117%. Најновото покачување на платите кое го направи СДСМ-ДУИ изнесува просечно 3000 денари. Ја информирам Колева дека ова не е доволно ни за еден кубик дрва, ниту за плаќање на парно и струја, а да не зборувам за нега на мало дете во семејството на наставникот.
Во однос на подобрување на условите за работа Колева вели дека до сега се реконструирани или изградени 80 училишта. Ја потсетувам и неа и Владата на СДСМ-ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ изгради 74 училишта и реконструираше 400. За волја на вистината, во време на Мила Царовска се направија помали реконструкции, како што се реконструкции на тоалети во училиштата, кои според нејзина изјава за 2-3 години се распаднаа “заради неодржување“.
Сега најучтиво ја молам Колева да приложи список на новоизградени училишта и да не просветли, затоа што освен „Киро Глигоров“ кое е проект на ВМРО-ДПМНЕ за друго во Скопје не знаеме, а исто така освен доградби и за во внатрешноста не сме чуле.
Конечно за промената на тарифата на струјата. Ако Колева имаше било какви сознанија од образованието ќе знаеше дека промената на тарифата Владата ја направи под силен притисок На ВМРО-ДПМНЕ. И'препорачувам да ги погледне моите постови и медиумски изјави, планот за решавање на енергетската криза на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски и бројните изјави на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Не ја гледам смислата на ваков прес. Кому му е наменет? Наставниците не се малоумни, населението не е слепо и глуво.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
