Јаневска: Направивме промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека ќе го подобрат

Направивме прилично многу промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека се коректно предложени и дека ќе го подобрат текстот на законот - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Притоа нагласи дека законот за високо образование и законот за наука беа поставени вчера на ЕНЕР, а законот за квалитет ќе биде поставен во текот на денот.
- На пример, прифативме намалување на бројот на трудови за втор и трет циклус на студии. Намаливме еден член од Владата, иако не беше неопходно, иако не се согласуваме со тоа дека тоа ја нарушува автономијата во Советот на универзитетите. Дополнително, направивме многу други промени во однос на критериумите, на пример, прифативме за општествено-хуманистичките науки така како што бараа наставниците, да биде релевантна базата Scopus, не ја исклучивме Web of science, но тие инсистираа да биде Scopus. Ќе биде Scopus. Дополнително, Националниот совет за високо образование ќе изработи друга база на списанија, што исто така ќе се бодира при изборите. Значи, она што сметавме дека е коректно и дека не е злонамерно, сè е прифатено, и во овој момент наставниците имаат можност тоа да го видат. Исто така, направивме и во Законот за науката и мислам дека денес ќе биде, веројатно малку подоцна, за некој час, и во Законот за квалитет во високото образование. Повторно ќе може сите засегнати страни да го видат законот - одговори министерката, која беше на увид во градежните работи за изградба на нова спортска сала во општина Кисела Вода.
Доколку има некоја драстична забелешка што би ја прифатиле, како што посочи Јаневска, тоа и ќе го направат, а потоа законот ќе оди во владина процедура.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
