Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ на која ќе се разговара за моделот за студентски оброк по што ќе следува и средба со претставници на студентските собранија од сите универзитети.
- Денеска, имам средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ бидејќи тие имаат промена на раководството и треба да се сретнеме со новиот претседател. Откога ќе се видам со новиот претседател и ќе поразговараме на темата студентски оброк - тој е легитимен претставник на студентите на УКИМ - ќе организираме уште една средба со претставниците на студентските собранија на сите универзитети, како што и во минатото го имавме тоа направено, за конечно да ги видиме нивното мислење и нивните размислувања - истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање за мерката за млади, што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски, а која предвидува воведување студентска картичка со попусти од најмалку 20 проценти за производи и услуги.
Таа појасни дека моделот сè уште се разработува и дека конечниот став ќе биде донесен по консултациите со студентите.
- Сѐ додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека тоа ќе биде електронска апликација во која студентите кај сите оператори што ќе ги избере Владата со картичката за студентски оброк ќе добиваат 20 отсто, или е-апликацијата за студентски оброк, или ваучерот за студентски 20 отсто попуст на она што ќе го земат со тие средства и 20 отсто попуст на сѐ друго во тој оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и особено многу водиме грижа за младите луѓе во земјата - нагласи министерката.
Прашана дали попустот ќе важи само за купувањата со средствата од студентскиот оброк или и за другите производи, Јаневска појасни дека дополнителните 20 проценти ќе се однесуваат на сè што студентите ќе купат во избраната продавница.
- И сѐ друго исто така со 20 отсто попуст. Сѐ што ќе земат - на сѐ што ќе земат од таа продавница - 20 проценти попуст - појасни Јаневска пред почетокот на конференцијата „Образованието на возрасните и доживотното учење - инвестиција во луѓето и иднината“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО
-

Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
-

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
