Македонија
30. October 2017 - 11:44

Јанев: Ова е заедничка победа на сите жители на Росоман

Ова е заедничка победа на сите жители на Росоман, рече денеска Бранко Јанев, новоизбраниот градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата. 

- Жителите на Росоман со ова покажаа дека се за промени, како впрочем и најголемиот дел од населението во Република Македонија, нагласи Јанев. 

Додаде дека ќе стори се што е во рамките на своите можности, да се реализираат проектите кои се ветени. Ги повика росоманчани на соработка. Нагласи дека сериозно ќе се разгледа секој предлог за подобро Росоман.