Јамал во Барселона до 2031 година

Ламин Јамал се обврза со Барселона на уште шест години - до 30 јуни 2031 година! „Сегашност и иднина“, така Барселона накратко го опиша денешниот настан.
Како и обично, Барселона објави дека на потпишувањето на договорот присуствувале претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Хусте и спортскиот директор Деко.
Јамал го имаше своето деби за првиот тим како петнаесетгодишник, на 29 април 2023 година. Тој пристигна во клубот многу порано, кога имаше само седум години, а доаѓа од познатата Ла Масија.
Иако сè уште е тинејџер, Џамал беше клучен играч во освојувањето на двојната круна и Суперкупот на Барселона оваа сезона.
Тој веќе има 106 настапи за Барселона и ги руши рекордите еден по друг – тој е најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига, Кралскиот Куп и Суперкупот, најмладиот играч на Барселона кој има одиграно повеќе од 100 натпревари…
Досега има постигнато 25 гола со 34 асистенции.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
