Фудбал
19. May 2016 - 15:13

Јакини нов тренер на Удинезе

 
 
Џузепе Јакини е новиот тренер на Удинезе. Тој на клупата на клубот од Удине доаѓа на местото на Луиџи Ди Канио, кој, и покрај изборниот опстанок во Серија А, не доби нов договор од раководството.
 
Јакини кој оваа сезона беше двапати отпуштен во Палермо, потпиша договор со Удинезе на две години.
 
Тој во неговата тренерска кариера, покрај Палермо ги предводеше и Чезена, Виченца, Пјаченца, Киево, Бреша, Сампдорија и Сиена.