Јакимовски: Со СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос
Со СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос. Производителите на пченица веќе на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и криминалната свита околу него. На недела дена пред жетвата на пченицата се уште немаме потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не.
Заев и Николовски ја искомплицираа состојбата во мелничарската индустрија, како што обвинуваат земјоделците пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаков одбранбен механизам.
Имено Љупчо Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното, маркичките и сите оние попратни елементи. Во таа смисла, истиот даде ветувања на 10 мај оваа година даде ветувања дека ќе ја реши до 30 јуни и дека со самото тоа ќе се стабилизирала состојбата пред жетвата, како домашните производители и мелничари ќе можат да ја реализираат жетвата во порелаксиран амбиент.
Денеска е 1 јули ситуацијата не само што не е решена туку е и дополнително искомплицирана, а од министерот ни трага ни глас.
Мелничарите се закануваат дека нема да откупуваат, а земјоделците се исплашени каде ќе ја пласираат овогодинешната реколта.
ВМРО-ДПМНЕ јавно апелира, власта сериозно да ја сфати тешката ситуација и проблемите кои ќе настанат во оваа жетва доколку не се преземат конкретни мерки. Конкретните мерки ќе овозможат непречен откуп по достоинствени цени.
Николовски и СДСМ не смеат да си поигруваат со илјадници производители на пченица, чија примарна дејност е производството на лебно зрно. Земјоделците чекаат конкретни мерки.
Доколку Николовски не знае што и како треба да преземе со цел регулирање на состојбите, тој веднаш треба да си поднесе оставка. Земјоделците не се должни да ја плаќаат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување.
За оваа состојба, колку е да се трудите да објаснувате нема да ви биде виновно ВМРО-ДПМНЕ туку вие самиот и неспособната Влада на СДСМ.
Јавноста будно ги следи сите состојби, а особено во земјоделството. Соочете се со стварноста и бидете подготвени за заслужената казна на наредните избори.
Трпението на земјоделците и македонската јавност се при крај. Оваа неспособна власт мора да си замине, за Македонија да тргне напред.
Прес-конференција на Миле Јакимовски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
-

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
