Јакимовски: Ќе им помогнеме на младите брачни парови да изградат свој дом
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави уште еден голем проект за младите, овој пат за младите брачни парови.
Планот на Јакимовски предвидува општина Карпош да обезбеди државно земјиште на кое младите брачни парови ќе можат да изградат типски куќи, за што ќе бидат ослободени и од комуналии. Целта на идниот градоначалник на Карпош е да им помогне на овие млади луѓе при решавањето на еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат при формирањето семејство, а тоа е обезбедување дом.
- Најголем проблем при формирање на младо семејство е обезбедување на работа и решавање на станбеното прашање. Имајќи предвид дека во општина Карпош квадрат стан достигнува веќе и до 1.400 евра, тоа значи дека за млад брачен пар купување на стан е невозможна мисија. Од тие причини, локалната самоуправа на потегот кај Злокуќани и во касарната Илинден, ќе издвои државно земјиште кое што ќе го стави на располагање на млади брачни парови да можат да изградат типски куќи. Истите ќе бидат ослободени од комуналии за да можат да направат дом за себе и за своето семејство, најави Јакимовски.
Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош
Центар за комуникации на ГРОМ
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
