Јакимовска: Жерновски ги занемарува реалните проблеми во Центар
ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека градоначалникот на Центар Андреј Жерновски не реализира проекти од интерес на граѓаните, недомаќински ги троши општинските пари и оти ги занемарува реалните проблеми во општината.
Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Жерновски потрошил 1,2 милиони евра за две преуредени улици долги 370 метри, од што, според неа, било очигледно дека „нешто крие или пак се работи за сомнителни бизнис зделки“.
- Додека граѓаните имаат сериозни проблеми како недостиг на места во градинките, неасфалтирани улици во 21 век, проблеми со чистењето на снегот, недостиг на паркинг места за автомобилите и многу други работи, Жерновски им пружа уживање од 1,2 милиони евра на боемските улици пропратено со тамбураши и забави од типот на Стив Аоки кои чинат 100-тина илјади евра, а никогаш не настапи, изјави Јакимовска.
Тие пари, според Јакимовска, можеле да се вложат во изградба на шест градинки, ново модерно училиште, гасификација на сите училишта во општина Центар, решавање на проблемот со паркирање,.... - Граѓаните на Центар напролет ќе стават крај на ова незаинтересирано и боемско владеење на Андреј Жерновски, изјави Јакимовска
Ново на Сител
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин