Јагланд повика на одбрана на европската архитектура на човековите права

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд во годишното обраќање до пратениците во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), апелираше до нив кога ќе се вратат во нивните земји да ја бранат со најголема жестина европската архитектура на човековите права, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Во однос на бројните предизвици со кои Европа треба да се соочи, Јагланд оцени дека Европската конвенција за човековите права е заеднички речник, кој ги утврудва заедничките вредности што секој треба да ги почитува, како и целината на слободи што секој треба да ги ужива во Европа.
- Нема „ако“, нема „ама“, нема културен релативизам, кој е одржлив, рече тој пред пратениците на ПССЕ.
Зборувајќи за „тешките прашања“ што се поставуваат во моментов во некои држави-членки на Советот на Европа, Јагладн нагласи дека Конвенцијата нуди добра основа за соработка, па дури и кога односите се затегнати и дека правото дозволува да се надминат разликите и да се напредува таму каде политиката е немоќна.
Сепак, генералниот секретар на Советот на Европа потсети и на непочитувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Јагланд го посочи случајот на Илгар Мамадов, кој веќе две години е во затвор во Азербејџан, каде е изложен на лош третман, нагласувајќи дека тој не е единственото лице во Европа, кое се наоѓа во затвор со неверодостојни мотиви.
- Но, тој е единствениот, кој се уште е во затвор, иако највисоката европска судска инстанца - Европскиот суд за човекови права побара негово ослободување, додаде Јагланд.
Во однос на приоритетите за 2016 година, Јагланд посебно ја наведе мисијата за човекови права која ја испрати на Крим и назанчувањето на свој претставник за миграции и бегалци.
Ново на Сител
-

Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи
-

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
-

Сител дознава: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
