Ја запроси пред Папата: Клекна пред девојката, а таа занеме па папата мораше да ја спаси ситуацијата
Дарио Рамирез, политичар од Венецуела со својата девојка Мариангал Еспинал дошол на прием кај папата за католичките политичари. Тој одлучил во таа прилика да ја запроси својата девојка.
Рамирез при прошетката во Ватикан толку ја изненадил својата девојка која занемела. Останала без зборови некое време и не одговорила ништо, па папата морал да интервенира.
Поглаварот на римокатоличката црква најпрво се насмеа, а потоа рече: „Момчето те запроси, се согласуваш ли?“
„Да, секако“, одговори девојката конечно на општо воодушевување на сите собрани во Ватикан, по што Папата ја благослови среќната двојка.
Оваа брачна понуда не ја изненади само девојката туку и самиот папа кој не знаел дека ова ќе се случи.
Дарио сепак за својата намера морал претходно да го извести кардиналот кој е покровител на Меѓународниот сојуз на католичките политичари, но тој за сето не го известил само папата и нему тоа му беше пријатно изненадување.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица