-->
-->
Ја нападнал сопругата со секира на спиење па го пронашле мртов во нива
-->
На 09.07.2020 во 06.18 часот било пријавено дека во нас.Дрма, скопско, во домот, В.Т.(61) со секира ја нападнал неговата сопруга П.Т.(57), додека спиела, по што со возило го напуштил местото на настанот. П.Т. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Во 10.02 часот било пријавено дека во нива во нас.Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат В.Т., со повреда на вратот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор